Продолжува да расте бројот на заразени лица со Ковид-19 на возраст до 19 години.
Според последните податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно 7. јуни, во Македонија на оваа возраст со вирусот се заразени 342 лица.
„Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 44,0 години).
Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 638 (20,2%) со инциденца од 166,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 220,1/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (612 заболени).
Најниска инциденца од 74,3 и 68,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 170 односно 172 случаи“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин ја пренесува секојдневно.
Заклучно со податоци на ИЈЗ до 5. јуни, како што објави пред неколку дена еМагазин, овој број изнесуваше 313, а до 24. мај, бројот беше 174.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Македонија има повеќе жени заразени со корона вирусот