еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Голем раст: 313 лица до 19 години во Македонија се заразени со корона вирусот

Продолжува да расте бројот на заразени со Ковид-19 на лица до 19 години. Според последните податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно 5. јуни, во Македонија на оваа возраст со вирусот се заразени 313 лица.

“Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 44,0 години).

Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 592 (20,3%) со инциденца од 154,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 204,3/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (568 заболени).

Најниска инциденца од 68,2 и 62,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 156 и 157 случаи соодветно“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

еМагазин пред неколку дена објави дека според податоците на ИЈЗ до 24 мај, бројот на лица до 19 години заразени со Ковид-19 изнесува 174.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје, Куманово, Штип, Прилеп и Велес имаат поголема кумулативна инциденца од Дебар

Повеќе од половина од новозаразените со Ковид-19 имале контакт со потврден случај

Струмичанката и прилепчанецот кои починаа од корона вирусот биле со претходни заболувања

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците зад затворена врата ќе решаваат за разрешување на Јанева

Редакција

МВР отворила предмет за можна злоупотреба на здравствени сертификати

Редакција

Топ 10 должници на Листата на УЈП

Редакција