еМагазин
Image default
Македонија

Стевановиќ: Ако мерките не се почитуваат и никој не санкционира, бројот на заболени од корона вирусот ќе биде ист

Со препораки или без препораки, со високи или ниски рестрикции, ако одлучиме да не ги почитуваме препораките, ако притоа никој не санкционира, резултатот со бројот на заболени од Ковид-19 ќе биде секако ист. Ова го истакна директорката на Kлиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ во емисијата „Топ Тема“ на телевизијата „Телма“.

Таа рече дека очекува да имаат нови приеми и нови пациенти на Клиниката.

„Би било несериозно да не се подготвуваме и да не размислуваме дека бројот на пациенти ќе се зголеми.

Засега не се исполнети комплетно капацитетите на Инфективната клиника, уште има неисполнети капацитети во ГОБ „8 Септември“, каде многу сериозно и посветено работат, како и колегите на инфективните клиники низ државава, што значи сериозна помош да не се концентрираат болните на едно место, а да се остави простор за потешките болни каде можеби поголемите или пософистицирани услови на Клиниката може нив да им се обезбедат,“ посочи д-р Стевановиќ.

Таа изјави дека има голем капацитет на нова болница, која е во непосредна близина на Клиниката, кој воопшто не е исполнет и изрази надеж дека нема да има потреба од негово користење за пациенти со Ковид-19.

„Како доаѓаат нови пациенти, успеваме да излекуваме, да испишеме пациенти, така што таа бројка некако ја балансираме и верувам дека ќе успееме како досега, така и отсега овие болнички капацитети да ни бидат доволни.

Претходно, најчесто доаѓаа исклучително тешки пациенти препратени од другите одделенија или донесени со Брза помош во нашата Клиника.

Благодарение на апелите пред се пренесени преку медиумите дека е многу значајно и сериозно да се следат пациентите, а тоа матичните лекари навистина многу успешно го организираат и го следат во корелација со колегите инфектолози од нашата Клиника, пациентите редовно се преслушуваат и се следат нивните симптоми и евентуално влошување на овие симптоми,“ рече д-р Стевановиќ.

Стравувањето, потенцира, го чини своето, овие информации мислам дека стигаат се поинтензивно до луѓето, па неретко доаѓаат пациенти кои имаат далеку полесна симптоматологија и дури и немаат потреба да бидат хоспитализирани.

– И тоа е добро, затоа што тоа значи дека луѓето почнуваат сериозно да ја сфаќаат работата, иако мислам дека досега тоа требаше да се случи и да бараат помош. Многу е значајно лекарско око да го следи пациентот кој има Ковид-19, рече д-р Стевановиќ.

Таа нагласи дека тоа што е многу значајно е дека лекувањето на Ковид-19 е лекција која здравствените работници во светот и кај нас ја учат од многу работи, многу ставови промениле, искуството го направило своето, и тоа има големо значење во движењето и во брзината на лекување.

Посочи дека во моментов на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 75 пациенти, немаат пациент кој е на механичка вентилација, имаат двајца пациенти кои користат машина, но не механичка вентилација во смисла на инвазивно интубирање.

– Од 75-те хоспитализирани, 25 пациенти имаат потреба од интензивна терапија со кислород, пред се поради промените на нивните бели дробови и воспаленијата, што Ковид-19 ги чини. Дали е тоа бројка што и утре ќе биде таква не можам да кажам.

Дали некој ќе ја влоши здравствената состојба, тоа не ретко се случува многу нагло и брзо, но исто така и подобрување не значи дека нема да имаме. Секој ден е нова информација и нова состојба на одреден пациент, додаде д-р Стевановиќ.

МИА/Фото: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема полициски час, ама МВР и инспекторатите ќе вршат засилени контроли во подрачјата со зголем број на заразени со коронавирусот

Во потешка состојба 45 пациенти заразени од корона вирусот

Детален преглед: Чаир доминира меѓу скопските општини со 192 активни случаи на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација ја потврди првостепената пресуда за „Рекет“: Девет години затвор за Боки 13, седум за Јанева

Редакција

Нема да има предвремени парламентарни избори, ќе има реконструкција на Владата

Редакција

Боки 13 треба да биде испуштен од болница, Апелација решава за притворот

Редакција