еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски пред пратениците одговори зошто не служел војска

Во 2000-та година, согласно сите законски процедури базирани на законот за одбрана од 1992 година, член 51 и во рамки на јавна повеќестепена процедура врз основа на мислење на стручни лица од медицината, а заради мој здравствен абдоминален проблем со кој се уште се соочувам се регистрираше моја неможност за служење на воена обврска, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ дали приложил документ пред надлежните органи со кој потврдува дека е трајно неспособен или лажирал за да избегне служење воен рок.

– Не јас самиот, не моето семејство, туку непознати за мене лица во регрутните комисии констатирале таков факт. И тоа во 2000 година пред да се случи воениот конфликт и криза во 2001-та.

Не сум ни првиот ни последниот случај базиран на објективна медицинска состојба. Јасно, гласно и целосно ја соопштував и ја соопштувам вистината, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски треба да си поднесе оставка, поради нарушена деловна способност, бара ВМРО-ДПМНЕ

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат формирање анкетна комисија или надзорна расправа за „случајот Ковачевски“

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум новозаболени од Ковид-19 во Кавадарци, тројца се здравствени работници

Редакција

Средба на Османи со Вархеји: Постои замор од постојаното одложување, нужен е исчекор кон пристапните преговори

Редакција

Под притисок на јавноста Владата ги повлекува предлог-измените за ограничување на протестите

Редакција