еМагазин
Image default
Македонија

Оставката на министерот Милевски стигна во Собрание

Владата денеска ја испрати до Собранието оставката на министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и таа е веќе доставена до пратениците.

Од Собранието информираат дека дополнително ќе известат на која седница ќе биде констатирана оставката на Милевски.

Досега во Собранието не е пристигнат предлог за избор на нов министер за локална самоуправа.

Според информациите од Либерално-демократската партија, за ова министерско место ќе биде предложен Ристо Пенов.

Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата, од, како што информира, лични причини.

Во Собранието, нова седница има закажано за 17-ти октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ристо Пенов, кој ЛДП го предложи за нов министер за локална самоуправа на местото на Милевски

Каков имот пријавил министерот Милевски, кој поднесе оставка

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе жени меѓу новозаболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Артан Груби: Иванов и ВМРО-ДПМНЕ први да постават двојазична табла пред нивните седишта

Редакција

Починаа уште три лица од корона вирусот, вкупно 500

Редакција