еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Многу е веројатно дека зимата ќе биде потопла од вообичаено, велат европските прогнозери

Температурите оваа зима ќе бидат една од главните грижи на Европејците кои се справуваат со поскапувањето на енергенсите. Степен повисоко или пониско одамна не играл толку важна улога, а метеоролозите ширум континентот работат на тоа да направат што попрецизни прогнози за овогодишната грејна сезона, коментираат светските агенции.

– Веројатно е дека зимата ќе биде потопла од вообичаено, изјави за француските медиуми Карло Буонтемпо, директор на програмата за следење на климатските промени „Коперникус“.

– Но, сè уште постои значителна шанса за блокирање на струењата што може да донесе студен воздух и ниски ветрови над Европа, нагласи тој. Блокирањето на струењата во зима често носи стабилно, но екстремно студено време.

„Коперникус“ вообичаено произведува сезонски прогнози за Европскиот центар за временски прогнози (ECMWF).

– Ни се чинеше дека овие настани може да се случат во ноември, но сега се чини дека ќе има значително продирање на студ во декември, рече Буонтемпо, уште еднаш потсетувајќи дека синоптичарите го прогнозираат времето, но не можат да го предвидат.

Се очекува европската зима да биде потопла поради глобалниот временски феномен „Ла Ниња“, кој е поврзан со ладењето на површинските температури во централниот и источниот екваторијален дел на Тихиот Океан.

Агенцијата ќе ја обнови својата зимска прогноза следниот месец кога ќе бидат активни сите подвижни сили кои го одредуваат времето во зимските месеци, па прогнозата веројатно ќе биде попрецизна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не очекува релативно поблага зима, со повеќе шанси за снег во втората половина

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Затвореник во Идризово вршел измами преку мобилен телефон

Редакција

Убава вест: Оздравени 266 заболени од Ковид-19, најмногу од Скопје 152

Редакција

Во приватните лаборатории веќе неколку дена нема заинтересирани за тестирање за корона вирусот

Редакција