Во периодот од 01.01 до 30.09.2022 година Факом АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во износ од 142.681 денари и истиот е за 60% помал во однос на добивката за истиот период од 2021 година која изнесуваше 353.844 денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.
-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество со 83% имаат приходите од продажба на странски пазар, кои во споредба со остварените во 2021 година бележат пораст од 82%.
Вкупните оперативни приходи во периодот 01.01-30.09.2022 се зголемени за 37% во однос на 2021 година, финансиските приходи исто така се зголемени по основ на зголемените приходи од позитивни курсни разлики од работењето.
Вкупните приходи за 01.01.-30.09.2022 година се зголемени за 37% во однос на истиот период за 2021 година.
Во периодот од 01.01-30.09.2022 година, оперативните расходи се зголемени за 38% во однос на истиот период 2021 година. Зголемувањето на расходите се должи пред се на зголемените трошоци за суровини и материјали, зголемените трошоци на вработени и останатите расходи од работењето, велат од Друштвото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Факом со зголемена добивка во првите шест месеци
Смени во Управниот одбор на Факом