еМагазин
Image default
Бизнис

Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи

Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS) на 28 октомври го одобри приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата.

Полноправното членство во FEAS овозможува целосно користење на сите придобивки и услуги што ги обезбедува оваа Федерација, како што се деловна и промотивна поддршка, размена на знаења и искуства, пристап до истражувања и публикации, можност за учество на настани во нејзина организација и слично, соопшти Македонска берза АД Скопје.

Од 2016 година Македонска берза во FEAS беше со статус набљудувач.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макканабис“: Владата итно да го врати законот за канабис, залихите од цветот ќе се исушат

Редакција

Александар Манев нов член на Одборот на директори на „Кроација осигурување-неживот“

Редакција

Задолжителната вакцинација и во приватниот сектор, бара Стопанската комора

Редакција