еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Организација на потрошувачи на Македонија: Не е во ред Македонски телеком да наплаќа провизија за плаќање сметка во салон

Од Организацијата на потршувачи на Македонија (ОПМ) за еМагазин велат дека не е во ред Македонски телеком да наплаќа провизија за сметка, ако истата ја платите на шалтер во салон.

Како што објави еМагазин од 1 јуни Македонски телеком наплаќа 15 денари провизија, ако сметката ја платите на шалтер во салон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски телеком почна да наплаќа 15 денари провизија ако сметката ја платите на шалтер во салон

“Тоа не е во ред. Има голем дел од постарата популација која неможе да се снајде со електонско плаќање, а има и луѓе кои едноставно не сакаат да плаќаат електронски поради недовербата.

Прашање е како ја утврдиле висината на провизијата. Што ако таа во иднина порасне? За што ќе ги наменат тие пари?“, вели за еМагазин, претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова.

еМагазин ја контактираше и А1 Македонија, од каде велат дека тие не наплаќаат ваква провизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави плати лани во Македонски телеком имале Зоран Китанов, Садула Дураки, Нина Ангеловска…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Парното поскапува за 4,5%: За просечна сметка од 1.800 денари, плус 80 денари

Редакција

Одложено рочиштето за случајот против Стевчо Јакимовски за злоупотреба на службена положба и овластување

Редакција

МНР во контакт со надлежните органи на Бугарија во врска со пронајденото тело на македонски државјанин во Софија

Редакција