еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За февруари и март 181 работодавачи, кои добиле државна помош, не исплатиле плати на 753 вработени

До 31 мај 2021 година плата на своите вработени не им дале вкупно 181 работодавачи, кои добиле финансиска поддршка од државата за февруари и март. Од нив, 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 за двата месеца.

Како што соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, не се исплатени 753 месечни плати, а одобрената, но неисплатена финансиска помош е вкупно 12.071.908 денари или 2.738.715 денари за февруари и 9.333.193 денари за март.

Овие работодавачи се од дејностите, од подготовка на оброци и служење храна, 61, од дејноста трговија на мало, 33, од дејноста копнен транспорт, 24, но има и од специјализирани градежни дејности, трговија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли, правни и сметководствени дејности.

-Вкупно 181 работодавач ја злоупотребил државната помош и обесправил 753 вработени. Најмногу од работодавачите кои не исплатиле плата се од Скопје, 71, потоа од Тетово 53 и 27 се од Битола, истакна Лукаревска.

Таа потенцира дека на работодавачите кои не дале плати, а земале финансиска помош веќе им се доставени опомени, а по истекот на рокот за опомена почнува постапката за присилна наплата на долгот.

Лукаревска рече и дека продожуваат контролите кај работодавачите кои го изиграле законот.

Присилна наплата, информира диекторката, е спроведена кај работодавачите кои не исплатиле плати за периодите април, мај и јуни, како и октовмри, ноември и декември.

Највисокиот износ на финансиска поддршка е 21.776 денари месечно по работник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ бара затворски казни за компаниите кои не исплатиле плати, а добија помош од државата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ стана кум на куќа со згрижувачко семејство со пет деца во СОС Детско село

Редакција

(ФОТО) Струга нема да остане „црна овца“, вели Мерко по започнување на рушењето на платформите на езерото

Редакција

(Фото) Одржливата мода се среќава со свесниот иновативен дизајн – прв ден од Моден викенд Скопје

Редакција