еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Парното поскапува за 4,5%: За просечна сметка од 1.800 денари, плус 80 денари

Парното ќе поскапи 4,51 процент, на сметка од 1.000 денари значи зголемување за 45 денари или на просечна сметка од 1.800 денари во Скопје, зголемувањето е 80 денари, информираше претседателот на Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси (РКЕ), Марко Бислимовски.

Според претседателот на РКЕ, нова корекција без разлика на таксата за руски гас, до крајот на грејната сезона нема да има.

-РКЕ донесе одлуки со кои крајната цена за испорачаната топлинска енергија на потрошувачите снабдувани од ЕСМ од бараното зголемување на цената од над 50 отсто, одобри 4,51 процент.

Со овие одлуки цената за граѓаните останува во опсег стабилна, а трите компании на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија се практично приморани што побрзо да го стават во функција топловодот Беласица за системот да работи економично и во целост да ја користи топлинската енергија од ТЕТО.

РКЕ со денешните одлуки, водејќи се од интересот на потрошувачите поставува финансиска рамка и праќа сигнал за максимално економично работење на ќерките фирми на ЕСМ. Со работата на ТЕ-ТО и функционирањето на топловодот Беласица, просечна сметка за топлинска енергија изнесува 1 800 денари, без работа на ТЕ-ТО 2 800 денари, што е разлика во цена од 60 отсто, истакна Бислимоски.

Според РКЕ, вкупно 64.000 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој стои позади бугарскиот клуб „Шемето“, чиј копретседател, Кадриески, беше натепан

Редакција

Еуросупер БС-98 поевтинува за два денари, цените на другите нафтени деривати не се менуваат

Редакција

Мултимилионски тендер: Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта купува 558.000 литри еуродизел

Редакција