еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одложено рочиштето за случајот против Стевчо Јакимовски за злоупотреба на службена положба и овластување

Рочиштето за предметот во кој актуелниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, што требаше да се одржи денеска, е одложено.

Како што потврдија од Основниот кривичен суд – Скопје за МИА, обвинетиот Стевчо Јакимовски, до Судот приложил документација дека целото семејство на неговиот адвокат е позитивно на Ковид-19 и затоа и тој во моментов се наоѓа во изолација.

Од Судот дополнуваат дека поради заштита од ширење на коронавирусот, судијата Осман Шабани го одложи рочиштето за 23 ноември.

Според обвинението, во периодот од 2011 до 2017 година, како службено лице – градоначалник, Јакимовски во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба и овластување во постапки за јавна набавка и во постапка за легализација на времени објекти од деловен карактер и приватизација на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ и ССНМ го осудија омаловажувачкиот однос на Јакимовски кон новинарите, чии што прашања ги нарече „смешни“

МИА/Фото: Фејсбук/Јакимовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До сабота постудено, од недела топло со температура и до 27 степени

Редакција

„Виз ер“ ги намалува цените на дополнителните услуги

Редакција

Бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот поевтинува за денар

Редакција