еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Виз ер“ ги намалува цените на дополнителните услуги

„Виз ер“ ги намалува цените на дополнителните производи, услуги и надградби, правејќи го летањето подостапно од кога било досега, информираат од таму.

„Само за одреден период, патниците можат да ја искористат оваа неповторлива можност да уживаат во премиум поволности по неверојатно ниска цена. Без разлика дали сте патник кој сака да го подобри своето патување или спонтан истражувач кој бара луксуз, оваа промоција е прилагодена за вас.

Почнувајќи од денес, сите патници – без разлика дали веќе сте го резервирале билетот или правите нова резервација – можат да уживаат во врвно патничко искуство за само малку пари. Замислете го ова: чекирани куфери, WIZZ priority и избор на седиштa, сите можат да бидат ваши за фиксни неверојатни 9 евра за секое од нив,“ велат од компанијата.

Оваа понуда важи само за патувања пред 26. март 2024 година.

„Возбудени сме што ја лансиравме оваа неодолива пролетна чистка, нудејќи им на нашите патници можност да го подигнат своето патничко искуство по неверојано ниски цени. Во „Виз ер“ сме посветени на обезбедување исклучителна вредност и неспоредлива услуга, а оваа промоција ја нагласува нашата посветеност да го направиме летањето достапно за сите,“ изјави Тамара Никифорова, менаџер за корпоративни комуникации во „Виз ер“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи се сретна со преставници на македонските Бугари

Редакција

Хоспитализирани биле/се само 21,3% од заболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

Уште утре топло, од недела дожд, пообилни врнежи во вторник

Редакција