еМагазин
Image default
Да помогнеме

Да помогнеме да се доизгради црквата во Лешок

Црковниот одбор на црквата во селото Лешок, посветена на Свети Никола Мирликијски Чудотворец, ги повикува сите православни Христијани во Македонија и низ светот да помогнат за доизградба на црквата.

Таа се гради на стари темели, а како што информираат од таму, објектот е изграден, но преостануваат низа други обврски поврзани со него.

-Во тек се прави фрескоживопис, изработка на иконостас, а во план е е изградба на црковна трпезарија и камбанарија.

Селото Лешок со Лешочкиот манастир и сите светињи во него, претставува многу значајно место за нашата татковина Република Македонија и за Македонската Православна црква – Охридска Архиепископија.

Значајно е и за православниот македонски народ од Тетово и тетовско, а изградбата на црквата е многу важна за Лешочани, затоа што на тој начин ќе се здобијат со селска парохиска црква.

Имајќи ги во предвид сите овие работи, ве молиме да ни помогнете секој според можностите во целокупните градежни дејствија.

Така вашите имиња ќе се вградат во ова родољубиво дело. Однапред ви благодариме, велат од таму.

Како да помогнете:

Жиро сметка: 300000003758883

цел на дознака: донација за СВ. Никола Лешок

назив на примач: МПЦ-ОА Тетовско-гостиварска Православна Епархија Тетово.

Лица за контакт Бранислав Анѓелковски 078 332 723, Игор Апостоловски 070 263 273, Мирослав Јастревски 078 200 567.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да помогнеме во лекувањето на Тони Шопов, велешката ракометна легенда

Редакција

За Јана Арсовска се отворени донациски броеви: После две трансплантации потребна е имунотерапија

Редакција

12-годишниот Ангел Христовски живее со вродена мускулна дистрофија, потребни се средства за лекување во Кина

Редакција