еМагазин
Image default
Да помогнеме

Да помогнеме во лекувањето на Тони Шопов, велешката ракометна легенда

Ракометарот Тони Шопов, ракометна легенда од Велес, по многуте изиграни натпревари во неговата карирера, како во нашата земја така и во странство, последниве три години го игра најважниот натпревар за него.

Тони боледува од Descendenten colon (Adenocarcinoma colonis). Првата операција ја имаше во 2017 година на дел од дебелото црево пропратена со Илеус. По операцијата следеа осум циклуси на хемотерапија. Во 2019 година во втората операција Ретропиротонеална лимфаденектомија, му беше отстранет левиот уретер и бубрег. По оперативниот зафат повторно беа потребни циклуси на хемотерапија.

По три месеци за понатамошно лекување е препратен во Турција на радиотерапија со специјални SBRT зраци кое досега беше успешно, но дојдено е до рецидив на болеста поради што лекувањето мора да продолжи во Турција со 12 циклуси на хемотерапија во комбинација со SBRT зраци.

За жал ваква терапија не е достапна во нашата држава.

За досегашното лекување, оперативно и постоперативно, потрошени се 35.000 евра.

ИТНО е потребно да продолжи лекувањето во Турција кое чини 20.000 евра. Семејството не е во можност да ги покрие трошоците и потребна ни е вашата помош.

Линк од Фејсбук Fundraiser: www.facebook.com/donate.

Линк од Go Fund me Fundraiser: https://gf.me/u/y4cfjc.

Драги сограѓани, пријатели, познаници и добри луѓе… Апелираме да ја покажете вашата хуманост на дело, секогаше добро време да се направи добро дело, порачуваат од тимот за поддршка на Тони.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИТНО се потребни нулта позитив тромбоцити, за петгодишно детенце коешто боледува од леукемија

Редакција

(Фото) Да купиме акции од ученичка компанија од Берово, за да ги брендираат локалните малешевски производи

Редакција

Вклучете се во акцијата за бесплатно сместување и активности за социјално загрозени деца, деца со посебни потреби и деца на самохрани родители