еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Вклучете се во акцијата за бесплатно сместување и активности за социјално загрозени деца, деца со посебни потреби и деца на самохрани родители

И оваа година продолжува акцијата за бесплатно сместувања во туристичките места низ Македонија, за деца со посебни потреби, социјално загрозени деца и деца на самохрани родители, кои се организираа преку Фејсбук групата за бесплатно сместување, која сега ги прошири своите активности и доби ново име-Хумано детско другарување.

“Оваа година ја проширивме целта на оваа група. Нашата цел како група од поединци со хумано срце, е да организираме најразлични друштвени активности за социјално загрозени деца, за деца со посебни потреби и деца на самохрани родители.

Нашиот проект со организирање на бесплатни сместувања во туристичките места низ Македонија ќе продолжи и воедно би сакале да вклучиме и посета на аква паркови, базени, посета на Зоолошката градина, музеи, театри, кина, продавници за играчки и облека, како и играње или прославување на родендени во игротеки и слични креативни места за деца.

За да ја оствариме оваа наша идеја потребна ни е голема поддршка и воедно АПЕЛИРАМЕ И ГИ ПОВИКУВАМЕ сите оние кои што се во можност да донираат влезници и да ни ги отворат вратите од своите хотели, апартмани и викенд куќи. Би сакале и ЈСП во Скопје да ни се приклучи во нашата акција, како и останатите приватни превозници од сите градови“, велат активистите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во август

Редакција

Каков имот пријавил Рамиз Мерко, старо-новиот градоначалник на Струга

Редакција

Минатата недела тројца починати од Ковид-19 од Скопје и Прилеп

Редакција