еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Автомобил падна во канал на влезот во Кочани, возачот се здобил со повреди на главата

Патничко возило од марката „опел“ со кочански регистерски ознаки, заврши во ископан канал на магистралниот пат на влезот во Кочани кај Подлошка кростосница. Од падот возилото претрпело сериозни оштетувања, а според очевидци едно лице се здобило со повреди на главата.

На местото на настанот забележливи се траги на кочење, но поради недоволната обележаност и несоодветната брзина возилото завршило во дупката длабока три метри.

При падот автомобилот удри и во еден од поставените сообраќајни знаци, но со оглед што и покрај изведувањето на градежните работи не е поставена заштитна ограда, ниту пак местото е соодветно осветлено, опасноста од сообраќајни несреќи е постојано присутна.

Ископаниот отвор е со ширина од неколку метри и се наоѓа токму на средина од коловозот, поради што потребна е поголема внимателност и намалена брзина на возилата за да се заобиколи по помошниот пат во близина, истакна очевидец на сообраќајната несреќа.

Службени лица од Полициската станица – Кочани направија увид на местото на настанот.

Делницата од експресниот пат на влезот во Кочани се реконструира повеќе од една година, а градежните работи се одвиваат со различно темпо, поради што неодамна имаше и реакција на дел од стопанските субјекти во зоната Лесна индустрија во Кочани, кои упатија забелешка за отежнатиот пристап и влез во нивните објекти. 

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За едно деноноќие 345 починати во Италија, 168 во Шпанија

Редакција

Во Делчево бесплатно ќе се склучува брак

Редакција

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 во Тетово и тетовско

Редакција