еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи се сретна со преставници на македонските Бугари

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска, оствари средба со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Горгиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Македонија, информираа од Министерството за надворешни работи (МНР).

На средбата, која поминала во позитивна атмосфера, биле размените мислења за прашања кои ја засегаат бугарската заедница во Македонија, предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата, велат од МНР.

-На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата кои нив ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор, велат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откако ја “вжештија“ атмосферата, преставниците на македонските Бугари сега ќе посредуваат за „смирување на тензиите„

Здружението „Цар Борис Трети“ поднело барање за промена на името, “Ванчо Михајлов“ не

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пронајдено тело на 29-годишен маж во канал на хидросистемот „Брегалница“

Редакција

Нема приватизирање на Брзата помош, вели Филипче

Редакција

Влез од високо ризичните земји само на ГП Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид

Редакција