еМагазин
Image default
Македонија

Влез од високо ризичните земји само на ГП Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид

Граѓаните на Република Северна Македонија можат за излез од државата да ги користат сите гранични премини кон Бугарија и Грција без ограничувања, како и аеродромите во Скопје и Охрид, информираат од МВР.

„Влез и излез кон Србија е возможен само на заедничкиот премин Табановце-Прешево. Косово има забрана за влез на сите странци, вклучувајќи ги и нашите државјани, значи нашите државјани не можат да влезат во Косово. Нашите граѓани во Албанија можат да влезат само на граничниот премин Ќафасан, додека на Свети Наум и Стење само доколку патуваат во пограничните места, до овие премини“, се наведува во соопштението од МВР.

Доколку доаѓаат од високо ризични земји, како што посочуваат од МВР, нашите граѓани можат да остварат влез во Република Северна Македонија само на граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид.

Странските државјани пак кои доаѓаат од високо ризични земји не можат да влезат на ниту еден граничен премин, односно нивниот влез е забранет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија поради корона вирусот ги пломбира границите со соседите: Затвори 44 гранични премини

Влада: Да се затворат гранични премини Требиште и Блато и ски-центарот во Маврово

Албанија го ограничува движењето преку граничните премини „Стење“, „Св. Наум“ и „Блато“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада без ДУИ, уставните измени да бидат ефективни кога Македонија ќе стане членка на ЕУ: Мицкоски го повтори условот на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да реагира и да се симне имунитетот на пратеникот на ДУИ, Адеми

Редакција

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Редакција