еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Србија поради корона вирусот ги пломбира границите со соседите: Затвори 44 гранични премини

Поради појава на коронавирусот, Србија привремено затвори 44 гранични премини за патен, железнички и речен сообраќај, кон Унгарија, Романија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и неколку внатрешни гранични премини.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, кон Северна Македонија, затворени се граничните премини Прохор Пчински и Голеш – Голема Црцорија, објавено е на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи.

Граничните премини кои се затворени кон Бугарија се: Мокрање, Стрезимировци и Рибари.

Кон Унгарија и Романија, за патнички сообраќај затворени се премините: Растина, Бајмок, Бачки Виногради, Хоргош 2, Кањижа (речниот), Чала, Рабе, Врбица, Кикинда, Наково, Јаша Томиќ, Калуѓерово, Голубац, Долни Милановац, Текија, Кладово и Ѓердап 2.

Кон Црна Гора затворени се премините: Годово, Врбница и Јабука, кон БиХ – Прибој, Царево поле, Мокра Гора, Сремска Рача, Перучац, Мали Зворник-стариот мост и Јамен – скелскиот транспорт.

Кон Хрватска, затворени се премините: Сот, Љуба, Нештин, Богоево, Апатин, Бездан, Нови Сад (речниот) Беркасово и Вајска – скелскиот премин.

Внатрешни гранични премини кои се привремено затворени се во Белград – речниот граничен премин и воздушниот премин на аеродромот Морава (Краљево) и Вршац.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради корона вирусот Албанија забрани меѓуградски сообраќај

Со корона вирус заразени и вработени во грчки медиуми

Канадскиот премиер Џастин Трудо во самоизолација, неговата сопруга со симптоми на корона вирусот

Бројот на заразени со корона вирусот во Грција се искачи на 117 лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото+Видео) „Торнадо“, нова песна и спот на Тамара Тодевска

Редакција

(Фото) Отворен нов дијагностички центар со магнетна резонанца во ГОБ „8-ми Септември“

Редакција

Нови 138 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово и Штип

Редакција