еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Фото+Видео) „Торнадо“, нова песна и спот на Тамара Тодевска

Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Торнадо“.

Текстот е дело на српската пејачка и кантавторка Ана Радоњиќ /Зое Кида, додека за музиката и аранжманот беа задолжени Тамара и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател, Лазар Цветкоски.

Спотот за песната го работеше продукцијата „Division”, а истиот, во текот на јуни се снимаше на неколку локации низ Скопје.

„Торнадо“ е вториот сингл на Тамара годинава, во кој има повеќе боја, побрз ритам и позитивна енергија, соодветни за топлите летни денови.

„„Торнадо“ е нашата нова музичка приказна, а јас сум пресреќна што создадовме песна и спот, кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа најмногу ни треба во периодов во кој живееме!

Задоволна сум од целосниот производ, од песната и од спотот и искрено верувам дека истата ќе и се допадне на мојата публика, како во Македонија, така и низ земјите во регионот,“ посочува Тамара.

Спотот на одличен начин ја доловува „Торнадо“. Во истиот учествуваат повеќе танчери, додека главен кореограф е Дејан Битровски. Целата танцова екипа, придружувани од Тамара споделуваат неверојатна енергија и емоција.

Песната и видео – записот се издадени од АДА Варнерс Рекордс, а „Торнадо“ e достапна и на сите дигитални музички платформи.

Тодевска изминатиот период имаше повеќе концерти низ Македонија, а со свои медиумски гостувања и настапи беше активна и во земјите од регионот, како и на неколку предевровизиски настани.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Забавата денес беше на Маврово: Без магла и ПМ-10 честички

Редакција

Активна блокада се додека власта не се согласи на предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Редакција

(Видео) За првпат пресадено човечко око

Редакција