еМагазин
Image default
Бизнис

Мислење од правниот тим на Еуромакс Ресоурцес

Во однос на јавниот интерест во врска со управните процеси, и решенијата на Управните судови според кои се потврдува правното стојалиште дека Барањето за спојување на концесиите е претходно правно прашање за кое Владата има облигаторна обврска да постапи пред да превземе било какво друго дејствие, од Еуромакс Ресоурцес доставија стручното правното мислење на Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ Скопје, кое што е правниот застапник на Еуромакс Ресоурцес во процесите пред Управните судови.

„Друштвото за производство, промет и услуги Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје во јануари 2016 година, согласно член 61 од Законот за минерални суровини, има поднесено Барање за спојување на концесиите за проектот „Иловица-Штука“.

Според истиот Закон, одлука за спојување на концесиите донесува Владата по добивање на образложен предлог од Министерството за економија кое е должно да направи увид на локалитетот и да изготви Записник.

По Барањето на Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје за спојување на концесиите, Министерството за економија направило увид и изготвило Записник за извршен теренски увид уште во февруари 2016 година.

Според Записникот, постапката за спојување на концесиите може да продолжи со оглед дека не постојат правни и фактички пречки. Врз основа на извршениот увид и изготвениот Записник, Министерството за економија, во неколку наврати поднесува до Владата предлог за одобрување на Барањето  на Еуромакс за спојување на концесиите со образложение дека сите правни и технички услови се исполнети.

Ниту една од Владите од 2016 година до јули 2023 година нема донесено Одлука по конкретното Барање заради што Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје побара правна заштита во управен спор согласно македонското релевантно законодавство.

Управните судови дури во три свои одлуки потврдуваат дека тоа барање за спојување, поднесено во јануари 2016 година, претставува претходно правно прашање за кое Владата има облигаторна обврска да донесе одлука.

Тоа се следните одлуки: правосилните Пресуди на Управниот суд: У-6.бр.575/2019 од 31.03.2020 година и У-6.бр.131/2023 година и Решението на Вишиот управен суд УЖ-2.бр.195/2022 од 09.02.2023 година, после кои донесена е и правосилната Пресуда на Управниот суд У-6.бр.131/2023 година за поништување на Одлуката на Владата за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина.

Оттука би сакале да укажеме дека Одлуката на Владата за спојување на концесиите од 27.06.2023 година е донесена во постапка која е иницирана по Барање за спојување на концесиите од 2016 година, за кое според Управните судови, Владата има облигаторна обврска да одлучи пред да превземе било какво друго дејствие,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запален и автомобилот на извршната директорка: Притисоци и закани кон раководството на ССК

Редакција

Биотек купи акции во Реплек

Редакција

Оне.Вип го доби тендерот на Здравствен дом Скопје за фиксна телефонија вреден 134.000 евра

Редакција