еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) За првпат пресадено човечко око

Американецот Арон Џејмс (46), воен ветеран од Арканзас е првиот човек што доби цело пресадено око.

Тој не гледа со него, а се надева дека со следните операции и тоа ќе биде возможно.

Првата ваква трансплантација ја извршија хирурзите од NYU Langone Health.

Операцијата направена во мај, траела 21 час и барала експертиза од повеќе од 140 хирурзи, медицински сестри и други здравствени работници, пренесуваат американските медиуми.

Заедно со трансплантацијата на око, беше извршена и делумна трансплантација на лицето на Џејмс, кој добил изгореници при струен удар. И оваа процедура е ретка со помалку од 50 трансплантации на лице ширум светот од првата таква операција во 2005 година.

Донираното лице и око доаѓаат од еден донатор.

Пресадувањето ново око било повеќе од предизвик, бидејќи крвните садови кои го опкружуваат окото се многу мали, па предизвикот било да се закачат доволно од нив за правилен проток на крв.

Повторното прицврстување на оптичкиот нерв било исто така предизвик. Како дел од операцијата, хирурзите инјектирале возрасни матични клетки во оптичкиот нерв за да го поттикнат нервот да создаде нови, здрави клетки.

Денеска пет месеци по операцијата, има здрав проток на крв во мрежницата.

Окото исто така има нормален притисок и не предизвикува болка.

Сè уште е невозможна трансплантација на око што ќе го врати видот.

Хирурзите со години успешно ја пресадуваат рожницата на окото.

Видео: CBS Mornings/фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска сончево и топло, наредните денови дождови

Редакција

15 починати лица од Ковид-19, најмладиот на 41-годишна возраст

Редакција

(Видео+Фото) Заев во Њујорк се сретна со Мицотакис: Средбата пред камерите изгледаше пријателска

Редакција