Во пожарот кој се случи вчера во охридското село Требеништа загина 77-годишна неподвижна старица.
Две лица се повредени, а едно од нив е нејзината сестра, која поради вдишување на поголемото количество јаглерод моноксид беше пренесена во Охридската болница.
Пожарникарите кои интервенираа со две возила и пет пожарникари, успеаа од опожарената куќа да ги извлечат нејзе и уште едно машко лице.
На починатата жена и експлодирала плинска боца во лицето, а пожарот настанал од силината на експлозијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Едно лице загина, а две се поврдени во пожар во Требеништа
Фото: ТППЕ Охрид
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.