еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски со остра реакција за пресудата за ИРЛ: Не смее да има обиди за регулирање на новинари и медиуми

Со остра реакција за пресудата за Истражувачката репортерска лабараторија (ИРЛ), се огласи претседателот Стево Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Новинарите на ИРЛ не се новинари“: ЗНМ со остра реакција за пресудата на судијката Панева

-Слободата на медиумите е директно поврзана со степенот на демократијата во едно општество и со заштитата на јавниот интерес.

Новинарството е слободна професија и како таква е потребно да подлежи на принципот на саморегулација од страна на медиумските тела и организации.

Јавноста има право да биде навремено и точно информирана за сите важни прашања во едно општество кои се однесуваат на јавниот интерес.

Граѓаните, исто така, имаат право да очекуваат судиите кога пресудуваат да ја почитуваат слободата на изразување, правото на граѓаните да бидат информирани за теми од јавен интерес и да му дадат приоритет на јавниот интерес наспроти поединечниот интерес особено кога се работи за прашања кои го засегаат големото мнозинство од општеството. Во таков случај, во јавен интерес е јавноста да биде запознаена со релевантни факти од значење за тие прашања.

Етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми имаше и во минатото и сведоци сме дека таквите процеси не доведоа до демократски развој.

Како држава која се определила за членство во ЕУ и споделување на европските вредности за демократија, транспарентност и одговорност, потребно е да ги почитуваме и спроведуваме меѓународните стандарди за медиумски слободи, стои во неговата реакција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССНМ: Пресудата против ИРЛ е загрозување на слободата на изразување, Судот не смее да кажува кој е новинар

Здружението „Онлајнмедиа“ бара интернет порталите да најдат место во Законот за медиуми, а дискриминирачките одредби од Изборниот законик да се отстранат

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 35 починати лица, најмладиот пациент на 34 години

Редакција

Јавниот обвинител Јовески: Парите во „Рекет“ се давани во кеш во два наврата, знаеме од кои сметки се обезбедени

Редакција

Две лица не ја почитувале мерката за изолација, а 1.022 не носеле маски

Редакција