еМагазин
Image default
Балкан

Бројот на заразени со корона вирусот во Грција се искачи на 117 лица

Во Грција потврдени се вкупно 117 позитивни случаи на коронавирусот, од кои 34 се хоспитализирани.

Две лица, мајка и дете во Солун кои беа и првите заболени, денеска се пуштени од болница, соопшти претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, на прес конференцијата одржана попладнево, беше соопштено дека надлежната комисија во Министерството за здравство решила во следните 15 дена да се затворат судовите, кината, театрите, ноќните клубови, фитнес центри, како и детските игралишта со лулашки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народната банка со мерки за заштита од корона вирусот: Граѓаните да плаќаат со картички и електронски

Трогателно сведоштво и апел на Македонка од Милано: „Не го потценувајте корона вирусот, тука веќе нема место во болниците“

Храна ќе има доволно: Корона вирусот “удри„ и на мелничко-пекарската индустрија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стадо диви свињи предизвикале сообраќајка: Македонска државјанка повредена близу Кукуш

Редакција

Маж во Грција се удави обидувајќи се да спаси жена, телото му испливало на местото каде пред неколку децении убил девојка

Редакција

Грција од сабота во целосен карантин до 30 ноември

Редакција