еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Стадо диви свињи предизвикале сообраќајка: Македонска државјанка повредена близу Кукуш

Стадо диви свињи, веројатно е причината за сообраќајна несреќа на патот во близина на грчкиот град Кукуш во која биле вклучени три возила – од кои едно полициско, едно од Македонија и едно од Грција и во која загинаа двајца грчки граѓани, а се повредени четири лица, меѓу кои и македонска државјанка, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, полициско возило со тројца полицајци удрило во стадото диви свињи и излетало од патот, потоа следел автомобилот со македонски регистарски таблички со двајца патници, кој исто така удрил во стадото и се превртел и на крај уште едно возило, грчко, удрило во патролното возило на полицијата.

Во несреќата е повредена сопатничката во македонското возило, како и тројцата полицајци, а двете лица од грчкото возило загинале.

Неофицијално, како што дознава МИА, повредената Македонка е пренесена во болницата во Кукуш.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следна рунда разговори меѓу делегациите на Украина и Русија ќе се одржат во Турција, од 28 до 30 март

Редакција

Апелација за септември ја презакажа седницата за конфискацијата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

(Фото) Пендаровска направи кардиолошки преглед за да ја подигне свесноста кај жените

Редакција