еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација за септември ја презакажа седницата за конфискацијата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Апелациониот суд Скопје информираше дека Јавната седница за предметот „Талир 2“ е презакажана за 29 септември, на барање на одбраната на обвинетите.

– Апелациониот суд Скопје ја информира јавноста дека Јавната седница за предметот заведен под број КЖ-232/23 , со работен наслов „Талир 2“, се одложи на барање на одбраната на обвинетите Н.Г. и К.Б., двајцата од С., а поради ангажираност на бранителите во други кривични предмети, како што беше наведено во писмениот подесок од 26.06.2023 година, се вели во соопштението од Апелација.

За предметот „Талир“ со правостепена судска пресуда од 8 јуни 2022 година на затворска казна од шест години е осуден екс премиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта, додека поранешниот владин генерален секретар Кирил Божиновски е осуден на условна казна од две години.

Тие се прогласени за виновни поради склучување на незаконски договор за пренесување на право на градење помеѓу ДГ Бетон и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за противправно прибавување на имот.

Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен ја потврди нејзината поддршка за почеток на преговори со Македонија

Редакција

Вербална расправија меѓу две семејства во Куманово: Едно лице убиено

Редакција

Обвинителката Трајчевска побара осудителна пресуда за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Редакција