еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Инфлацијата во јуни едноцифрена, ама цените си останаа високи до плафон

Државниот завод за статистика соопшти дека инфлацијата во Македонија во јуни паднала под 10 отсто и иста сега е 9,3 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата во јуни падна на едноцифрена бројка – 9,3%

Бројкава на граѓаниве не им значи ама баш ништо, бидејќи цените на буквално се што се продава од производ до услуга останаа високи до плафон, и за жал многу мали се шансите тие некогаш да се врат на ниво од пред почетокот на војната во Украина.

На бројните кризни профитери не им требаше многу за да од ракав извадат цени (и се уште го прават тоа), кои за сиромашна земја каква што е нашава, со смешни плати, споредно со земјите на ЕУ, беше поразително, па многу граѓани повеќе неможат да си дозволат ни основни работи, а камоли летување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари

Дефинитивно многу пореална слика на работите дава синдикалната кошница на Сојузот на синдикатите, која за едно семејство за истиот месец изнесува 48.543 денари, а во која влегуваат само трошоци за храна и пијалоци, режиски трошоци, превоз и хигена.

Ако на оваа сума ги додате и трошоците за лекови, здравствени услуги, бројни други потреби на едно семејство… истата во најмала рака може и да се дуплира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Угостителските услуги пораснале за 13,3%

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

11,4% од заболените со Ковид-19 се лекувале во болница

Редакција

Никола Тесла, Илија Громовник, Ел Чека… Кој е следниот што ќе објави нови „бомби„?

Редакција

До сабота топло, викендот можни попладневни врнежи

Редакција