еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителката Трајчевска побара осудителна пресуда за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Имајќи предвид дека откако оштетениот паднал на асфалтот истиот бил удиран од страна на обвинетите, додека беспомошно лежел, зборува дека обвинетите имале умисла за извршување на кривичното дело и дека биле свесни дека може да настане штетна последица, посочи обвинителката Тања Трајчевска во завршните зборови за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје

Според обвинителката, оштетениот бил доведен во нерамноправна позиција, бидејќи, како што рече, бил нападнат од тројца кои што му задале удари по виталните делови од телото, во пределот на главата, каде што подоцна се констатирнаи животозагрозувачки повреди.

Таа посочи дека од доказната постапка произлезе дека обвинетите го сториле кривичното дело на начин, време и место како што е опишано во обвинителниот акт и побара од судот да пресуди по однос на истите, имајќи ги предвид сите олеснителни и отежнувачки околности.

Полномошникот на законскиот застапник се приклучи на завршниот збор на обвинителката и предјави оштетно побарување за Игор Тот, Татјана Тот и Борис Тот, за сите соодветно, во износ од 9 милиони денари.

Обвинителството ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Делумно прифатени дополнителните докази во „Меѓународен сојуз”

Редакција

Утре повремен дожд, од понеделник поројни врнежи

Редакција

Нови 78 случаи на Ковид-19 од 860 тестирања

Редакција