еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Откако ја „вжештија“ атмосферата, преставниците на македонските Бугари сега ќе посредуваат за „смирување на тензиите„

Ѓорѓи Трендафилов од Граѓанско демократската унија (ГДУ), кој денеска заедно со претседателот на Клубот „Ванчо Михајлов“, Љупчо Ѓоргиевски, како претставници на различни организации на бугарската заедница во земјава во Министерството за надворешни работи се сретнаа со шефот на дипломатијата Бујар Османи, по разговорот изјави дека имале корисна средба и оти нивните активности ќе бидат во насока на релаксирање на односите меѓу Скопје и Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи се сретна со преставници на македонските Бугари

– Имавме корисна средба со министерот за надворешни работи. Средбата е во голема мера продолжение на разговорите кои ги имавме во Брисел. Ние го известивме (Османи) за содржината на разговорите со еврокомесарот за проширување и добрососедство, (Оливер) Вархеји и со неколку политички групации застапени во Европскиот парламент, кои ќе се обидат со нивните политички истомисленици и групации овде во Македонија, значи Конзервативната, Европските народни партии, Прогресивните социјалисти, да се обидат да помогнат да се смират тензиите на релација Скопје – Софија и во една порелаксирана атмосфера да почне да се спроведуваат одредбите и од Спогодбата 2017 и т.н. „француски предлог“ за Македонија во периодот до октомври, кога треба да биде објавен Извештајот за напредокот од Европската комисија и земјава да може официјално да ги отпочне преговорите кон крајот на ова година, рече Трендафилов.

Тој изјави дека од Османи побарале и тие да се обидат да посредуваат за смирување на тензиите, затоа што во една експлозивна атмосфера, како што вели, невозможно е да се донесат квалитетни рационални политички решенија.

– Мислам дека тоа е во интерес на граѓаните и на земјава. Останува на времето да видиме дали нашата работа и нашиот апел ќе вродат со конкретен политички плод, додаде Трендафилов.

Во однос на Резолуцијата на Советот на Европа, во која се вели дека не постои системска дискриминација во Македонија, Трендафилов вели дека не се согласува со ваквиот став, но, како што рече, тоа нема да биде во фокусот на нивната активност, туку колку што е можно повеќе да придонесат да се релаксираат односите меѓу Скопје и Софија.

Прашан дали на средбата претседателот на Клубот „Ванчо Михајлов“, Георгиевски, го отворил прашањето за пререгистрација на здруженијата, чиј рок истекува утре, Трендафилов одговори дека за тоа не било посебно разговарано.

– Не посебно. Јас ја видов изјавата за Дојче веле мислам од господинот Георгиевски дека тие немаат намера да отстапат во овој момент и дека презеле одредени правни лекови кои им стојат на располагање. Ќе видиме што ќе се случи понатаму. Не беше посебно како тема, одговори Трендафилов.

Средбата се случува ден пред истекот на рокот во кој согласно измените на Законот за здруженија и фондации, постоечките бугарски здруженија „Ванчо Михаилов“ и „Цар Борис Трети“, треба да ги сменат имињата или во спротивно се соочуваат со нивно затворање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Здружението „Цар Борис Трети“ поднело барање за промена на името, “Ванчо Михајлов“ не

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 148 болни од Ковид-19

Редакција

Бугарија се уште не ги исполнува условите за влез во еврозоната, велат од Европската комисија

Редакција

Пристигнаа 100.620 дози вакцини „Фајзер“

Редакција