еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Романската православна црква очекува Вселенската патријаршија да издаде конечен томос за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА

Откако на 9 овој месец, Светиот Синод на Романската православна црква (РПЦ) соопшти дека „го одобрува признавањето на автокефалност доделена на Православната црква во Република Северна Македонија од Патријаршијата на Србија преку нејзиниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 година“, на својот официјален портал basilica.ro, Патријаршијата на Романија објави дообјаснување на ваквата одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Романската православна црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

– За време на синодското заседание беше земена предвид одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај 2022 година за востановување на канонското и евхаристичко општење со Православната црква во Република Северна Македонија, водена од архиепископот Стефан.

Дополнително, Вселенската патријаршија на Црквата на Србија и го препушти регулирањето на административните аспекти што се однесуваат на организирањето на новата Црква во Северна Македонија, се наведува во образложението.

РПЦ посочува дека друга тема што била разгледана од страна на романските јерарси на заседанието, било прашањето на автокефалноста и начините на кои таа се доделува и признава, коа било анализирано во текот на неколку работни состаноци на Меѓуправославниот комитет за подготовка на Светиот и велик собор на Православната црква.

– Ставот на Романската православна црква по однос на автокефалноста, кој исто така беше презентиран и на Средбата на подготвителниот Комитет за Светиот и велик собор во Шамбези (2011), е следниот: „Светиот Синод на мајката Црква е канонскиот авторитет што може да додели автокефалност на ќерка Црква преку синодален томос потпишан од поглаварот на мајката Црква, заедно со сите епископи од тој Свет синод.

Правото на признавање на новата автокефалност и припаѓа на целата Православна црква, а се остварува преку томос за признавање на автокефалноста, потпишан без исклучок, од сите поглавари на автокефалните православни цркви по редот на диптисите во рамки на Синаксисот на поглаварите на православните цркви“, се наведува во образложението.

Светиот Синод на Романската православна црква појаснува дека имајќи го предвид претходно наведеното, „ги почитува одлуките на Вселенската патријаршија да ги прими во евхаристичко општење јерарсите, клириците, монасите и верниците раководени од архиепископот Стефан и да остави на Патријаршијата на Србија да ги регулира административните аспекти помеѓу двете цркви“.

– По признавањето на првичниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 година од страна на Патријаршијата на Србија со кој се доделува автокефалност на Православната црква во Република Северна Македонија, Светиот Синод на Романската православна црква очекува Вселенската патријаршија да иницира (консултации) и да издаде конечен томос за автокефалност за да изрази сеправославен консензус по прашањето за признавање на автокефалноста, се додава во текстот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чешко-словачката црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА под името „Православна црква на Северна Македонија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска пресуда за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски

Редакција

До 300 милиони евра ќе бидат потребни за планот за непречено снабдување со струја

Редакција

(Фото) Иванов за Велигден со семејството во Охрид

Редакција