еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Чешко-словачката црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА под името „Православна црква на Северна Македонија“

Светиот синод на Православната црква на Чешка и Словачка минатата недела донесе одлука за „признавање на автокефалноста на Православната црква на Северна Македонија“, објави порталот „Ортодокстајмс“, кој е специјализиран за прашања поврзани со православните цркви.

– Светиот синод на Црквата на Чешката Република и Словачка беше информиран за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска со обновувањето на евхаристичкото единство со епархиите во Северна Македонија, како и за писмата на српскиот патријарх Порфириј за реинтеграција на Црквата во Северна Македонија во канонската структура на Православната Црква на Србија и за доделување автокефалност на Православната црква во Северна Македонија со Патријаршиски и синодален томос од 20 мај 2022 година, се наведува во соопштението на чешко-словачката Црква.

„Ортодокстајмс“ посочува дека во соопштението на Светиот Синод на Црквата на Чешка и Словачка нашата Црква никаде не се именува како Охридска Архиепископија, име под кое беше примена во канонско единство со останатите православни црква од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј на 9 мај минатата година.

– По неочекуваното признавање на „автокефалноста“ доделена од Патријаршијата на Србија на Црквата на Северна Македонија од страна на Патријаршијата на Романија пред неколку дена и Црквата на Чешка и Словачка, исто така, го призна неканонскиот потег на Патријаршијата на Србија во врска со статусот на црквата на балканската земја, наведува порталот.

„Ортодокстајмс“ потсетува дека „Светиот синод на Вселенската Патријаршија на 9 мај објави дека ги прима во евхаристичко општење хиерархијата, свештенството и народот на оваа црква (Охридска Архиепископија) раководени од архиепископот Стефан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Романската православна црква очекува Вселенската патријаршија да издаде конечен томос за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА

Романската православна црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ја избра француската „Dechert“ да не брани по тужбата од „Ел.Пет.Балканики“ за „Окта“

Редакција

Бугарското Собрание го одобри “францускиот предлог“ за Македонија

Редакција

Министерството за култура вработува, плата до 31.305 денари

Редакција