еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За викендот сончево и топло, до 19 степени

Времето до крајот на неделава ќе биде стабилно и суво, со повеќе сончеви периоди и со постепен пораст на дневните температури. Најтопло ќе биде за време на викендот.

Поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува од понеделник.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наутро ќе биде постудено, а преку денот претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.

Во Скопје ќе биде сончево и тивко.

Минималните температури ќе бидат во интервал од -5 до пет степени, а максималните од четири до 19 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ако го загадуваш Водно, се загадуваш себе си

Редакција

Дизелот поевтин за 1 денар

Редакција

Има стан и три кредити: Каков имот пријавил пратеникот Димитар Апасиев

Редакција