еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Родители пријавени во полиција бидејќи ја малтретирале малолетната ќерка

Родители на малолетна ќерка, биле пријавени дека ја малтретирале по што со нив бил извршен службен разговор во полиција.

„На 24.02.2024 во Полициската станица Бит Пазар бил извршен службен разговор со Е.М. (42) и Ф.М.(37), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека ја малтретирале нивната малолетна ќерка.

Известен бил јавен обвинител и Центарот за социјална работа каде билa предадена малолетничката за нивна понатамошна надлежност.

По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по член 201 од Кривичниот законик – „запуштање и малтретирање на малолетно лице“,“ информираат од МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следува период на променливо време со повремени врнежи од дожд

Редакција

МПЦ-ОА ги прифати во своја канонска јурисдикција архијереите на поранешната ПОА

Редакција

Мицкоски: Ако Бугарија продолжи со своите барања, бараме напуштање на договорот и склучување нов

Редакција