еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Седум медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканското првенство во Црна Гора

Едно трето место во индивидуална конкуренција и шест бронзи во екипните настапи освоија каратистите на „Макпетрол“ на Балканското првенство што викендов се одржа во Црна Гора.

Претставниците на скопскиот клуб, вкупно осум, беа дел од селекцијата на Македонија која што се натпреваруваше на шампионатот во Подгорица од 23 до 25. февруари.

Во поединечните настапи Викторија Јовановска освои бронза во категоријата -61 килограм. Таа ги оствари следните резултати против: Хана Дебељак (Словенија) 0-0; Луција Батаија (Хрватска) 0-1; Медина Бераковиќ (БиХ) 8-2. Во мечот за третото место Јовановска ја победи Елмедина Истогу од Косово со 4-1.

Во машка екипна конкуренција во борби освојувачи на бронза од „Макпетрол“ се: Петар Заборски, Витомир Трајковски и Данило Божовиќ. Следните спортистки од скопскиот клуб освоија бронзени одличја во борби во екипна конкуренција: Викторија Јовановска, Ангела Мојсовска и Јована Мицовска.

Конкуренцијата на Балканското првенство беше навистина силна. Пропозициите за учество дозволуваа да се пријават најелитните и најдобро рангирани четири спортисти од секоја држава во секоја категорија. Во Подгорица учествуваа спортисти од 13 држави кои што се соочија во машка и во женска сениорска конкуренција. Вкупно беа пријавени 298 учесници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца судии поднесоа оставки од Судскиот совет

Редакција

„Уставот изгледа е кафана. Кој стигне влезе“: Твитер реакции за предлогот на Османи и Бугарите да влезат во Уставот

Редакција

Како Заев го бранеше прогресивниот данок

Редакција