еМагазин
Image default
Македонија

Денеска треба да продолжи сослушувањето на Димовски во Собранието за случајот Онишченко

Претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање, Љупчо Пренџов за денеска го закажа продолжението на седницата на која сега веќе поранешниот директор на АНБ, Виктор Димовски треба да продолжи со рефереирање за улогата на Агенцијата во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство.

Првото продолжение на седницата, кое беше затворено за јавноста, беше прекинато, бидејќи имаше информации дека на Јутјуб се слуша она што го зборувал Димовски.

Собранискиот спикер Талат Џафери го информираше МВР и беше спроведена истрага. Денешното продолжение Пренџов го закажа откако јавноста беше информирана дека извештајот од МВР пристигнал.

Во меѓувреме Владата побара одземање на државјанството на Онишченко и спроведува истрага за случајот, а вчера исто така е именуван и нов директор на Агенцијата за национална безбедност.

Станува збор за Зарко Милошевски, кој досега бил помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во АНБ. Досегашниот директор на АНБ, Димовски заминува на амбасадорката позиција во Париз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Зарко Милошевски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност

Претседателот на Комисијата за надзор на безбедносните служби, Пренџов, и покрај тоа, закажа продолжение на отчетот на Димовски и очекува тој да се појави во Парламентот.

По првото продолжение на седницата Димовски изјави дека лоцирано е едно лице во АНБ кое без да се консултира со меѓународните партнери во НАТО, дало согласност дека за украинскиот државјанин Алексндр Онишченко нема безбедносен ризик,.

-Останува да утврдиме дали се работи за пропуст, намера или лукративен интерес. Ништо од ова не е исклучено. Сакаме, и мој прв и најголем интерес е ова да го откриеме. Ќе го откриеме, нема да застанеме, рече тогаш Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Виктор Димовски, новиот амбасадор во Франција

МИА/Фото: АНБ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студентските и средношколските домови ќе се отворат со намален капацитет, но одбиените ќе добијат надомест

Редакција

Петков потврди дека нема тргање на ветото за Македонија до јуни

Редакција

И градоначалничката на Битола позитивна на Ковид-19

Редакција