еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

БРАКО ги обучува своите клиенти за користење на возилата за хигиена

Возилата на БРАКО за одржување на хигиена во урбани средини се предаваат на нивните корисници преку извршување обука за користење, особено доколку станува збор за клиент кој за првпат набавува машина за чистење. Обуката ја спроведуваат лица од фирмите – ќерки на БРАКО низ целиот свет, како и нивните застапници, информираат од таму.

На фотографиите и снимката се прикажани возила испорачани во Калифорнија, САД, каде од страна на претставниците на фирмата на БРАКО во Сан Диего се обучува лицето кое ќе работи со возилото.

Обуката се одржува на лице место на теренот каде возилото треба да ја одржува хигиената во иднина и на корисникот во директна комуникација му се пренесуваат можностите на машината и начините за нејзина најоптимална употреба.

Возилата на БРАКО во САД се се`повеќе барани за одржување на хигиена на градските улици, во кругот на студентски кампуси, во приватни станбени комплекси од затворен тип и други места каде се бара брза, ефикасна и незагадувачка технологија за одржување на урбаната хигиена, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите патишта викендов водат кон Грција: На граничниот премин Богородица, изминатите 24 часа од земјава излегле повеќе од осум илјади туристи

Редакција

Германски ФАЦ: Примерот на Бугарија создаде преседан, и Хрватска навестува вето за соседите поради историски прашања

Редакција

Трет случај: Негувателка осомничена за запуштање и малтретирање на две деца

Редакција