еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарите и Грците со најниска поддршката за одлуките на ЕУ, поврзани со војната во Украина

Најслаба поддршка за одлуките на ЕУ поврзани со војната во Украина има во Бугарија и во Грција.

Ова го покажуваат податоците од социолошкото истражување, дистрибуирани од Европскиот парламент (ЕП).

Во ЕУ, просечно 74 отсто од граѓаните ја одобруваат европската поддршка за Украина.

Во 24 земји на ЕУ, мнозинството граѓани се согласуваат со оваа поддршка. Поддршката е најголема во Шведска (97 отсто), Финска (95 отсто), Холандија (93 отсто), Португалија и Данска (92 отсто), додека во Бугарија и Грција поддржувачите се само 48 отсто, се наведува во соопштението на ЕП.

Поддршката за воведените европски санкции против Русија и за помош на Украина во ЕУ е 73 отсто, а во Бугарија – 49 отсто.

Како одговор на прашањето кои вредности ЕП треба најмногу да ги штити, учесниците во истражувањето најчесто укажуваат на демократијата (36 отсто), заштитата на човековите права (29 отсто) и слободата на говорот и мислата (28 отсто).

Во Бугарија најчесто се споменува заштитата на владеењето на правото и слободата на движење во ЕУ.

Речиси две третини од Европејците (65 проценти) очекуваат дека нивните животи ќе се сменат поради војната, а ова е четири проценти зголемување во однос на податоците од април-мај оваа година.

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

80,1% од починатите од Ковид-19 во Македонија со претходни заболувања

Редакција

30-годишен Охриѓанец загина во сообраќајна несреќа кај село Подмолје

Редакција

„Аутомобиле-СК“ го доби тендерот на МВР за набавка на 10 возила за брзо распоредување вреден 243.000 евра

Редакција