еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

По излевањето амонијак кај Пирот од превртен воз, 15 лица меѓу кои три деца се хоспитализирани

Вкупно 15 пациенти – 12 возрасни и три деца, се згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, откако од превртен вагон истече амонијак во близина на пиротското село Станичење, соопшти таа здравствена установа.

Во соопштението наведуваат дека сите пациенти моментално се во стабилни витални параметри и не се опасни по живот и додаваат дека се примени во текот на ноќта, пренесе Бета.

Според лекарите, децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести се свесни, комуникативни и имаат стабилни витални параметри. Поради иритација на респираторниот тракт, очите и кожата ќе бидат задржани на понатамошно лекување.

Во текот на ноќта шест пациенти се пуштени на домашно лекување, а останатите извесно време ќе бидат задржани на натамошно следење. Меѓу оние кои ќе бидат задржани на лекување има и 59-годишен маж со повреди на градниот кош и 49-годишен маж со проблеми со срцето.

Во Пирот има вонредна ситуација поради истекување на амонијак од превртен вагон. Затворени се училиштата, градинките и јавните установи.

Министерот за градежништво и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ изјави дека на пет локации во Пирот извршени се мерења и не е евидентирано присуство на амонијак.

Товарниот воз со амонијак што излета од шините во источна Србија бил натоварен во Бугарија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски за новата „бомба“: Нема ништо криминално во објавениот приватен разговор

Редакција

Хрватска некоректно ја премолчува бугарската уцена кон Македонија: Колумна на поранешниот хрватски претседател Јосиповиќ

Редакција

(Видео) Тепачка на пратеници и министри во косовското Собрание, премиерот Курти го испрскаа со вода

Редакција