еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Бесплатно гледајте документарни филмови онлајн на платформата „Глеј“

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ почна со програмата „Зимски МакеДокс“, со која онлајн се прикажуваат победниците на фестивалите на четири основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“, информираат од таму.

Како нова иницијатива, програмата „Зимски МакеДокс“ се лансира со цел да го зголеми интересот за онлајн гледање креативни документарни филмови.

Наградените документарни филмови на четири европски фестивали од мрежата „Doc Around Europe“ може бесплатно да се гледаат 30 дена, на Gley.TV – gley.mk, заклучно со 20 јануари 2023 година.

Пристап до филмовите е возможен без активна претплата на платформата „Глеј (Gley)“.

Достапни за онлајн гледање се документарните филмови „Ќерките на Зухур“ (2021/89’/Германија) во режија на Лауренција Генске и Робин Хумболт (победник на „ДОК.фест Минхен“), „Господарките на шумата“ (2021/90’/Франција) во режија на Клаус Дрексел (победник на „ФИПАдок“), „Тајната на доктор Гринбер“ (2020/91’/ Шпанија) во режија на Ида Куеља (победник на „ДоксБарселона“) и „Дида“ (2021/78’/ Швајцарија) во режија на Никола Илиќ и Корина Швингрубер Илиќ (победник на „МакеДокс“).

Основачи на мрежата на фестивали на документарни филмови „Doc Around Europe“ се „ДОК.фест Минхен“ (Германија), „ФИПАдок“ (Франција), „ДоксБарселона“ (Шпанија) и „МакеДокс“ (Македонија), а годинава на мрежата се приклучи и фестивалот „Верзио“ (Унгарија).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донација на НЛБ Банка за Клиниката за гинекологија и акушерство: Интраклинички транспортен систем за респираторна терапија на предвремено родени бебиња

Редакција

Трето издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје со поглед „Кон дигиталното“

Редакција

НЛБ Банка ја продолжува промотивнaта кампања за кредитите за физички лица – без трошоци за одобрување и проценка до крајот на јули

Редакција