еМагазин
Image default
Македонија

ИРИ: СДСМ има предност од три отсто пред ВМРО-ДПМНЕ

Доколку денес би се одржале парламентарни избори, за СДСМ би гласале 21 отсто од граѓаните, а за ВМРО-ДПМНЕ 18 проценти, покажува анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

ДУИ има поддршка од седум проценти од анкетираните, Алијансата на Албанците два, а ДПА и двете крила на Беса по еден отсто.

Деветнаесет проценти не знаат или се уште не решиле за кого би гласале, четири отсто нема да излезат на избори, а 23 проценти одбиле да дадат одговор на анкетата.

Во споредба со последната анкета на ИРИ од август 2017 година, рејтингот на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ е зголемен за еден процент, на ДУИ и на ДПА останал ист, а на Беса и на Алијанцата за Албанците е намален за три проценти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 26 оздравени од Ковид-19

Редакција

Намалување на смртните случаи од Ковид-19 за 37,1%: За една недела починале 8 лица на возраст од 20 до 49 години

Редакција

Татко на шест деца извршил обљуба на една од малолетните ќерки, мајката ја „продавала“ за сексуални услуги на третоосомничен

Редакција