еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Филип Димитровски го превзеде лидерството врз CEED Бизнис клубот во Македонија

На официјалниот и јубилејен петти избор на Мажи на Годината во Македонија, кој е во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин, кој што се одржа во ноември 2022 година, ко-сопственикот на Тиго Фајнанс ДОО и Екомагија ДОО, од неодамна и Country Мanager на CEED Бизнис клуб каде веќе и две години е Ангел инвеститор во startup бизниси, Филип Димитровски ја доби наградата за најдобар “Млад менаџер на годината“ за 2022.

Жири комисијата на оваа престижна манифестација му го додели ова признание на Димитровски поради достигнувањата во областа на бизнисот и финансиите и издигнувајќи ја компанијата Тиго Фајнанс како најпрофитабилно финансиско друштво во Македонија.

Според организаторите на Мажи на Годината, наградата „Млад менаџер на годината“ е награда која има за цел да ги поттикне младите менаџери кои пленат со својата смелост, амбиција и претприемачки дух.

Во овој период Димитровски како Country Мanager на CEED Бизнис клубот Македонија, покрај тоа што е успешен како менаџер и претприемач, својата кариера решава да ја продолжи во филантропска мисија.

„Одлуката да преземам лидерство врз CEED Бизнис клубот во Македонија доаѓа како резултат на одамна потиснувана и тренирана амбиција каде што мојата енергија и знаење би ги посветил во филантропска насока, каде не само што би учел, растел и усовршувал и споделувал приказната за личниот успех, но и од прва рака би го градел и позиционирал привилегираниот клуб составен од основачи и сопственици на бизниси, извршни директори и лидери кои ќе можат меѓусебно да си помагаат, да споделуваат позитивни деловни практики, но и еднакво вредно, на уникатен начин да добијат пристап до научени лекции со цел надминување на деловните предизвици,“ изјави Димитровски.

CEED (centre for entrepreneurship and executive development) има за мисија да ја менува парадигмата кај претприемачите кои се стремат да пораснат во лидери и напредуваат, преку инвестирање во заедница на основачи на бизниси, на кои им обезбедува платформа за вмржување и до-едукација.

Верувањето по кое се води е дека единствено преку развој и поддршка меѓу основачите може да се трансформира бизнис климата и инспирира полово еднаква, претприемачки ориентирана младина.

Основан пред повеќе од 15 години, застапен во повеќе 18 држави и 4 континенти во рамки на платформата нуди комбинација на формалнa и неформалнa едукација само на внимателно избрани претприемачи, од докажани основачи на бизниси кои претставуваат дел од заедница со заедничка цел.

Досега имаат обуки и вмрежување на повеќе од 2.000 членови од голем број на компании.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Полициските униформи станаа двојазични

Редакција

РЕС е најсигурната компанија за снабдување со електрична енергија на стопанството

Редакција

Јани е во иста состојба како и Леонид, потребни се средства и за негово лекување кое се одвива во Лариса

Редакција