Бармени од целиот свет се поканети да бидат креативни со своите коктели и да добијат единствена можност – ексклузивно патување во Шкотска.
Светскиот број еден шкотско виски Џони Вокер лансира нов Инстаграм предизвик за бармените ширум светот, фокусирајќи се на едно од најкултните и најпродаваните виски на брендот: Johnnie Walker Black Label.
Овој реномиран бренд на бармените им нуди можност да освојат ексклузивно и извонредно искуство со Johnnie Walker Black Label во Шкотска.
За учество во овој предизвик ќе бидат земени предвид, бармените кои ќе постават јавна објава на Инстаграм од нивниот личен профил и ќе прикажат автентичен коктел со Johnnie Walker Black Label.
Дополнително истиот пост треба да го содржи и рецептот на коктелот како и да ја наведат причината зошто Johnnie Walker Black Label функционира совршено во сервирањето.
Во постот треба да се тагне профилот на:@johnniewalker и да се искористат хаштаговите #KeepWalking и #JWBlackLabel.
Пријавите треба да се достават најдоцна до 23:59 часот на 6 март 2023 година, а победникот ќе биде објавен на 17 март 2023 година.
Истите ќе бидат оценети според естетиката и според балансот на рецептот и креативноста од професионално жири, во кое ќе бидат и Тим Филипс-Јохансон, глобален амбасадор на брендот Џони Вокер, Адриан Михалчик, победник за 2022 на светски познатиот натпревар World Class Global Bartender of the Year 2022 и Ник Тезар, победник за 2022 на Australia World Class winner како и победник на World Class Johnnie Walker предизвикот.
Патувањето за победниците е предвидено за мај 2023 година.
Повеќе информации за правила и услови за учество во предизвикот, погледнете на: johnniewalker.com и @johnniewalker на Instagram.