еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Фанк шуи објави спот за песната „Никогаш пак“

Македонската група Фанк шуи (Funk Shui) објави спот за песната „Никогаш пак”, од истоимениот албум.

Видео записот е на Владислав Гавриловски. Музиката и текстот се на Фанк шуи, а аудио продукцијата на Бен Милчев.

„Спотот е снимен низ локациите кои ги искористивме за осознавање и оформување на сами себе во младоста, кои ги осеќаме како дома, можеби повеќе од сопствените тогашни домови. Обидот е да се долови бруталистичката архитектура, потписот на нашето родно место и симболот на солидарноста и давањето, начинот на кој ние го разбирам и сфаќаме Скопје и нешто што можеби се третира и во текстуалноста на оваа песничка.

Оддаваме почит кон Скопје заедно со Владислав Гавриловски, визуелниот резидент и камерманско/режисерскиот ум на оваа бетонска градина од спот. Песната е балада за превртливата врска помеѓу писателот и Скопје и неколку скопјани. Сите други писателот ги сака и ќе биде тука за нив, како 78. земји кои беа тука за Скопје по земјотресот во 1963 година”, велат од Фанк шуи.

Лани групата одржа над 20 концерти во Европа и на Балканот (Берлин, Виена, Гронинген, Белград, Нови Сад, Загреб…), го издаде долгоочекуваниот албум „Никогаш пак” во март, кој резултираше со два распродадени концерти во Скопје во Младинскиот културен центар.

Нумерите на албумот во рекордно време се позиционираа на најрелевантните топ листи, разгорувајќи го медиумскиот интерес на Балканот, велат од таму

Фото/видео: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Храната е основата на животот и камен темелник на човековата култура

Редакција

(Видео) Шоуто стана реалност: Комичарот Зеленски го прегази Порошенко на претседателските избори во Украина

Редакција

Општина Струмица склучи договор со “Универзал градба“ вреден 499 илјади евра

Редакција