еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поголема количина прехранбени артикли со изминат рок на траење пронајдена при контрола во камион и магацин

Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода А.Б.(43) од скопското село Арачиново затоа што при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење.

Како што соопшти денеска МВР, подоцна била извршена контрола и во магацин на улицата „Индустриска“ во Куманово, сопственост на Б.М.(45) од кумановското село Романовце, од каде ја зел стоката. Сопственикот признал дека стоката е негова.

Во магацинот биле пронајдени дополнителни околу 600 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување на производите.

– Пронајдената стока од Агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ, стои во соопштението.

Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спор меѓу Софија и Скопје: Понижувањето како критериум за пристапување во ЕУ

Редакција

Владата забрани настапи на пејачи и диџеи по локалите, на една маса дозволено да седат 4 лица

Редакција

Едно лице приведено, случаи на агитирање, графити на избирачки места, нудење пари за глас, регистрира МВР

Редакција