еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

ДИЖС: Усје ги имплементираше сите препораки, контролните мерења од независни лаборатории на 8 точки покажаа дека нема надминување на емисиите

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) на Фејсбук информираше дека во врска со случајот за Цементарница Усје на 7 февруари е започната постапката за спогодување пред Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и истата е во тек.

Воедно потенцираат дека правниот субјект постапил по издаденото Решение во инспекциска постапка од страна на Државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Скопски регион, при што во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 MW во котларата за загревање на фабриката, се отпочнало со користење природен гас како гориво.

„Исто така беа извршени мерење на емисија на гасови од емитерот-оџакот на парниот котел со акредитирана лабораторија за животна средина. Од пристигнатиот извештај е утврдено дека нема евидентирано надминување на ГВЕ-граничните вредности на емисија.

Правниот субјект реализираше и мерења на 8 емисиони точки согласно А-ИЕ Дозвола од сите производни делови кои се во работен режим со две акредитирани лаборатории за животна средина.

Останати 4 мерни места поради редовен годишен ремонт на ротациона печка 4 и придружни работни единици ќе се мерат дополнително.

Од пристигнатите извештаи е утврдено дека нема евидентирано надминување на ГВЕ-граничните вредности на емисија.

Една од двете печки (ротациона печка бр.4) е во ремонт и истата не е во работен режим,“ велат од ДИЖС.

Од таму потсетуваат дека Цементарница УСЈЕ А-Дозволата за усогласување со оперативен план ја поседуваше од 2011 година, измена на А-ДУОП беше направена во 2013 година, а А-Интегрираната Еколошка Дозвола ја поседува од 2020 година. Дозволите ги издава МЖСПП.

За инсталации со А интегрирана дозвола, надлежен инспекциски орган е Државниот инспекторат за животна средина, а за тие со Б, општините.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ „ќарила“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ изгубиле пратенички мандати

Редакција

Пад на извозот од 20,2%: Кина повторно меѓу петте најголеми трговски партнери на Македонија

Редакција

Во Собрание не помина предлогот за ослободување од партиципација од медицински услуги и лекови на пациенти со цистична фиброза

Редакција