еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

dm дрогерие маркт донира над еден милион денари во медицинска опрема за гинеколошкиот оддел при клиниката за радиотерапија и онкологија

Со цел давање придонес во подобрување на условите при третманот и грижата за женското здравје, во месец март – месец посветен на жената, компанијата dm дрогерие маркт донира повеќе од еден милион денари во медицинска опрема и апарати за подобрување на условите за работа во гинеколошкиот оддел при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, информираат од таму.

Компанијата dm дрогерие маркт, која важи за голем поддржувач на заедницата, со набавка на два гинеколошки прегледни стола, две столчиња за преглед и стерилизатор за медицинска опрема уште еднаш ја докажа својата посветеност кон создавање на подобри услови за грижа и одржување на женското здравје, посочуваат од таму.

Изминатата година dm донираше повеќе од 1,6 милиони денари во пет гинеколошко-акушерски клиники низ земјата. Преку овие донации компанијата обезбеди поддршка за родилките, а оваа помош значеше и подобрени услови и за новороденчињата, како и за мајките по породувањето.

„Како општествено одговорна компанија инвестираме во заедницата во којашто делуваме, трудејќи се да опфатиме широк круг на институции и здруженија. На овој план, годинава ја отпочнуваме со донација во гинеколошкиот оддел, по повод март, месецот на жената. Ова е од особено значење за нас бидејќи како компанија сме најисполнети кога даваме придонес во подобрувањето на животот во нашата заедница. Општествениот ангажман и одговорноста се секогаш врвни приоритети на нашата компанија“, изјавија од dm дрогерие маркт.

dm drogerie markt, кај широката јавност е позната како компанија што е заснована и којашто целосно се придржува до принципите на општествена одговорност. Изминатата деценија, преку најразлични активности и проекти компанијата потврди дека постојано црпи инспирација од заедницата во којашто работи и токму затоа помага во нејзиниот континуиран развој. Само во деловната 2021/22 година, dm drogerie markt донира рекордни 5.3 милиони денари во општествено-корисни проекти од најразлични области, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

83-годишниот маж од Драчево пронајден е на Водно жив и здрав

Редакција

(Галерија) Во Ростуше се гради авантуристички парк за деца и возрасни

Редакција

Голем интерес на отворениот повик за илустрации за проектот „Современи бајки од Македонија“

Редакција