А1 Македонија, добитник на Best Buy Award за најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот за мобилен интернет според мислењата, искуствата и изборот на потрошувачите во земјава, со задоволство ја најавува најновата пролетна промотивна понуда во атрактивното А1 Combo потфолио и уште еднаш ја потврдува својата заложба за постојани инвестици во најсовремени технологии со што корисниците добиваат можност да го поврзат својот дом со супериорна оптичка мрежа, да ги почувствуваат бенефитите од неограничен 5G мобилен интернет, да добијат подарок смарт чсовник и да изберат нов смарт телевизор по супер цена, информираат од таму.
Сите корисници кои ќе склучат нов договор или ќе го обноват веќе постоечкиот договор со еден од тарифните модели во А1 Combo, освен стабилен и брз интернет на супериорната оптичка мрежа и супер брз 5G мобиен интернет, добиваат уникатна можност да добијат подарок смарт часовник Amazfit – Bip 3 и да изберат од богатата понуда смарт телевизори Samsung или Philips по најповолна цена.
Оваа атрактивна понуда А1 Македонија дополнително ја збогатува со воведување уште еден новитет во делот осигурување. Имено, со набавка на смарт телефон корисникот добива бесплатно осигурување на екранот на телефонот за првите три месеци. По истекот на бесплатниот период корисникот може да го продолжи осигурувањето и тоа по исклучително атрактивна цена од само 49 денари месечно.
“Свесни за потребите од брза и стабилна комуникација што ги налага динамичното и модерно живеење, константно инвестираме во мрежните капацитети и одржување на најбрзата А1 мобилна мрежа и проширување на супериорната оптичка мрежа до секој дом.
Оттука постојано го дополнуваме, надградуваме портфолиото со комбинирани услуги и го прилагодуваме според потрбите и очекувањата на корисниците.
Покрај неограничен интернет, атрактивни содржини и подароци, пролетната промоција ја заокружуваме со услугата за осигурување при евентуални оштетувања на екранот на телефон со што ја потврдуваме нашата заложба А1 да биде местотото каде корисниците ги добиваат сите услуги кои им се потребни за модерен и едноставен живот“, изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.
Со оваа промоција, А1 Македонија уште еднаш ја докажува својата посветеност кон креирање понуди кои ги задоволуваат корисничките комуникациски потреби , овозможуваат непрекината и неограничена комуникација за целото семејство, велат од таму.
Повеќе информации можете да прочитате на www.a1.mk.