еМагазин
Image default
Македонија

За министерот за надворешни работи на Летонија сме Северна Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Летонија, Едгарс Ринкевицс, по средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕијас изрази надеж дека Договорот од Преспа ќе се финализира, со членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

Во изјава за медиумите, шефот на летонската дипломатија рече дека земјата ќе ја нарекува Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Ние се надеваме дека процесот ќе се комплетира со членство на Северна Македонија и во НАТО и во Европската унија, дека прашањето ќе се реши и дека ќе имаме уште една држава членка, рече министерот за надворешни работи на Летонија.

Коѕијас му се заблагодари и на Ринкевицс лично и на латвиското претседателство со ЕУ (првата половина на 2015) за “тешките теми за кои разговарале, какво што е македонското прашање, за кое денес, благодарение на позицијата на тогашното претседателство, можевме да најдеме добри и креативни решенија”.

Шефот на грчката дипломатија се осврна и на употребата на уставното име во писмото од Трамп до Иванов, велејќи дека кога Договорот од Преспа ќе се ратификува во двете земји, тогаш земјата ќе се вика Северна Македонија.

МИА/Фото: latvianchamber.co.uk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ

Редакција

Охридската полиција го приведе вториот од напаѓачите на Пендиков

Редакција

„Фокус“: Приведен експретседателот на Собранието Трајко Вељановски

Редакција